Свет

Пет тела пронајдени во потонатата луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија

21.08.2024 20:09

Шефот на агенцијата за цивилна заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, потврди дека се пронајдени пет тела во јахтата која потона околу 5 часот утрото во понеделникот.

Шефот на агенцијата за цивилна заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, потврди дека се пронајдени пет тела во јахтата која потона околу 5 часот утрото во понеделникот. Четири тела се извлечени, а „во тек“ се напорите да се донесе петто до брегот.

Тој рече дека ќе има истрага, но приоритет е да се пронајдат оние кои се уште се водат за исчезнати.

Меѓу исчезнатите во потонатата луксузна јахта се претседателот на банката Морган Стенли Интернешнл, Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатот на Клифорд Ченс, Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвило.