Борби во Покровск, пробивот во Курск продолжува
Москва тврди дека презеле уште една населба во градот додека Киев ги зајакнува позициите...

Руските трупи окупираа три населби во Донбас, напредуваат во правец на Николаевка. Украинците, пак го гаѓаа руското складиште за муниција и гориво на Црното Море. Засилени борби на линијата на фронтот во Покровск. Москва тврди дека презеле уште една населба во градот додека Киев ги зајакнува позициите. Зеленски повика партнерите да ги исполнат своите обврски.
„Нашите позиции на фронтот главно се фокусирани во насока на Покровск. Јасни ни се плановите на непријателот. Извршивме проверка на муницијата. Многу е важно нашите партнери да ги исполнат обврските, од сите наши договори. Тоа е основа за да се одбраниме. Во Курск операцијата продолжува“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
