Израел

Засилени напади наспроти повици за прекин на огнот во Газа

22.08.2024 08:55

По ракетниот бараж на Хезболах, израелската војска возврати со удари на неколку локации низ Либан...

Израел изврши воздушен напад врз командна просторија на Хамас сместена во училиште во градот Газа. Има цивилни жртви-обвинија палестинските власти. По ракетниот бараж на Хезболах, израелската војска возврати со удари на неколку локации низ Либан. Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ придружуван од разузнавачи пристигна на Блискиот Исток. Бајден на линија со Нетанјаху за напорите за деескалација во регионот по изјавите и новото барање дека нема намера да ги повлече трупите на границата Газа-Египет. Вели дека е подготвен за секое сценарио.

„Подготвени сме за секое сценарио – и во одбрана и во напад. Воздухопловните сили се нашата железна тупаница која знае како да го погоди мекото ткиво на нашите непријатели. Тие тоа го докажуваат одново и одново, и ако треба – ќе докажат повторно“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.