Официјализирана кандидатурата на Тим Волц
60-годишниот гувернер на Минесота го искористи своето обраќање да се заблагодари на американскиот претседател Бајден за четири години силно, историско лидерство и на Харис за гласањето за доверба во него...

Тим Волц избран од Камала Харис за нејзин потпретседател на претседателските избори во САД во ноември, официјално ја прифати номинацијата на демократите. 60-годишниот гувернер на Минесота го искористи своето обраќање да се заблагодари на американскиот претседател Бајден за четири години силно, историско лидерство и на Харис за гласањето за доверба во него.
„Најголема чест во мојот живот е да ја прифатам вашата номинација за потпретседател на САД. Сите сме овде вечерва од една едноставна причина – ја сакаме оваа земја“, изјави Тим Волц, демократски кандидат за потпретседател на САД.
