САД

Трамп се појави зад непробојно стакло во Северна Каролина на прв јавен митинг по обидот за атентат

22.08.2024 09:47

Ги обвини Бајден и Харис за смртоносното повлекување од Авганистан и за војните во Украина и Блискиот Исток...

Доналд Трамп се појави зад непробојно стакло во Северна Каролина на прв јавен митинг по обидот за атентат на кој говореше за националната безбедност. Ги обвини Бајден и Харис за смртоносното повлекување од Авганистан и за војните во Украина и Блискиот Исток.

„Го поразивме ИСИС. Ги убиваме врвните терористи. Ги обезбедивме нашите граници. Направивме работи какви што никој досега не слушнал, главно ги вративме нашите трупи дома. Ако Камала победи овој ноември, третата светска војна практично ќе се случи. Светот гори, а Камала и Бајден нè одведоа на работ на Третата светска војна“, изјави Доналд Трамп, претседателски кандидат на републиканците.