Индија

Експлозија во фармацевтска фабрика во јужна Индија, најмалку 15 загинати

22.08.2024 09:49

Властите на Андра Прадеж ја опишаа како најтешка несреќа во последните години...

Најмалку 15 работници загинаа, а 40 се повредени по експлозија што предизвика пожар во фармацевтска фабрика во јужна Индија. Властите на Андра Прадеж ја опишаа како најтешка несреќа во последните години.

Според првичните информации експлозијата се случила во хемискиот реактор, а истрагата треба да утврди дали се работи за човечки фактор.