Дипломатија

Оставка на Фрчкоски од местото амбасадор во Обединетите нации

22.08.2024 10:07

Тој очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со указ на претседателката, како што и е назначен...

Љубомир Фрчкоски поднесе оставка од местото амбасадор во Обединетите нации во Њујорк. Тој очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со указ на претседателката, како што и е назначен.

На почетокот на јули, македонскиот амбасадор во Њујорк беше повикан на консултации во Министерството за надворешни работи, поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки.