Бугарија
Димитар Главчев повторно ќе биде привремен премиер на Бугарија
22.08.2024 10:32
Димитар Главчев повторно ќе биде привремен премиер на Бугарија, откако претседателот Радев реши да му го даде мандатот за состав на нова преодна влада...

Димитар Главчев повторно ќе биде привремен премиер на Бугарија, откако претседателот Радев реши да му го даде мандатот за состав на нова преодна влада бидејќи пропадна предлог-кабинетот на Горица Грнчарова – Кожарева.
Причината за тоа беше фактот што Радев одби да го потпише указот за именување на нова преодна влада поради името на Калин Стојанов, кој требаше повторно да ја преземе функцијата министер за внатрешни работи.
