мвр

Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот, следува пријава

22.08.2024 13:46

Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 – годишен велешанец и одзел предмети...

Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 – годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.