Град Скопје

Советниците на Град Скопје најавија дека ќе ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска

22.08.2024 14:52

Оптимистички сигнали по средбата на градоначалничката Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје, директорите на јавните претпријатија и координаторите на советничките групи што се одржа зад затворена врата. Откако Арсовска побара да се плати долгот од 8 милиони евра за бесплатниот превоз на студентите, министерката за образование Јаневска рече дека ќе се видат на суд...

Оптимистички сигнали по средбата на градоначалничката Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје, директорите на јавните претпријатија и координаторите на советничките групи што се одржа зад затворена врата. Главни теми – нивото на јавната хигиена во главниот град и јавниот градски превоз. Советниците по средбата рекоа дека ќе ги изгласаат програмите на јавните претпријатија на следната седница на Советот, закажана за идната недела.

Директорите се пожалиле дека немаат нова опрема и доволно механизација. На краток рок, не може да се обезбедат нови автобуси, старите се нефункционални, па се предлага да се пренасочат средства за сервисирање на старите.

Откако Арсовска побара да се плати долгот од 8 милиони евра за бесплатниот превоз на студентите, министерката за образование Јаневска рече дека ќе се видат на суд.

Арсовска тврди дека главниот проблем е во Советот зашто советниците не ги гласаат програмите на јавните претпријатија.

 

Александра Велинова