Македонија

Партиски препукувања за бегството на Рамадани

22.08.2024 15:03

СДСМ ги обвини Владата и министерот за внатрешни, Тошковски, дека му овозможиле на Рамадани да биде пропуштен на македонско-косовската граница, со службено возило, двапати до денот на неговото конечно напуштање на земјава. СДСМ лажат и ловат во матно, сакајќи да го спасат Пајазити, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ги обвини Владата и министерот за внатрешни, Тошковски, дека организирале и му овозможиле на Рамадани да биде пропуштен на македонско-косовската граница и тоа со службено возило, двапати до денот на неговото конечно напуштање на земјава. Тие му дадоа време на МВР и Владата да одговорат, дали ова не значи дека не станува збор за бегството, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово, во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема? И која е улогата на МВР? Во спротивно ќе ги обелоденат сите информации што ги имаат.

СДСМ лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е видно, велат, од самиот факт што СДСМ фамозните наводи ги презентираат во прашална форма и сакаат да создадат хаос, но тоа не поминува, затоа што институциите постапуваат експресно и одговорност ќе има за секој еден.

Од ВМРО-ДПМНЕ го вперија прстот во Судскиот совет затоа што молчел. Инаку, случајот Рамадани го испитува тричлена комисија од Судскиот совет, веќе четврти ден. Од таму треба да се утврди, дали имало пропусти во постапката на судијата Пајазити, како и во случаите со спогодувањата во Кривичниот суд.

 

Фиљана Кока