Поголема контрола на болести кај животните за безбедност на храната
Европската унија со околу 800 илјади евра финансира проект за подобрување на контролата на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна. Изготвени документите, треба да се прилагоди законодавството...

Поголема контрола на болести кај животните и зајакнување на капацитетот за безбедност на храната. Ова е бенефитот од проектот од кој излегоа четири пишани препораки.
Овој проект е организиран од 2022-ра година со покровителство од Фондацијата на Европската унија. Овие четири препораки ќе бидат имплементирани како рамка во нашето законодавство.
Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, нивната крајна цел е заштита на здравјето на граѓаните, а со тоа и зголемување на нивната доверба во контролните системи на институциите и обезбедување на услови за подобрен пласман на домашните производи на европските пазари и пошироко.
Претставници од Европската унија порачуваат дека допрва треба да почнеме да работиме на зголемување на капацитетите за безбедност на храната, кои ќе ја подобрат стартната позиција на земјава за почеток на преговорите со Европската унија.
Во однос со чумата на малите преживари која се појавува во регионот, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Миланов, нагласи дека сите екипи се вклучени на терен за превенција од внесување на болеста во земјава.
Ана Ј. Тодоровска
