Свет

На повидок договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

22.08.2024 18:15

Британските медиуми наведуваат дека амбасадорката Томас-Гринфилд ги повика сите 15 членки на Советот за безбедност да извршат притисок врз палестински Хамас да го прифати понудениот предлог...

На повидок е прекинот на огнот во Појасот Газа и договорот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, изјави денеска пред Советот за безбедност американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.

Британските медиуми наведуваат дека амбасадорката Томас-Гринфилд ги повика сите 15 членки на Советот за безбедност да извршат притисок врз палестински Хамас да го прифати понудениот предлог за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Ова е одлучувачки момент за преговорите за прекин на огнот и за регионот и затоа секоја членка на Советот за безбедност треба да продолжи да испраќа силни пораки до актерите во регионот дека треба да избегнуваат дејствија што ќе ги одалечи од финализирањето на договорот за примирје, изјави Линда Томас – Гринфилд.