Инвеститор од САД планира 2.000 вработувања во Македонија
Две илјади нови работни места ќе отвори мултинационалниот контакт центар со седиште во САД кој планира да отвори претставништво во Македонија.
Првите интервјуа за овие нови две илјади работни места се спроведуваат во рамки на Саемот за работа, кој се одржува денес во Скопје. Домаќин во име на американската компанија која сака да отвори претставништво во Македонија е Кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, од каде што засега не го откриваат името на инвеститорот.

Станува збор за мултинационален контакт центар компанија којашто во моментно има 12.000 вработени, работи во пет држави, и сака да отвори свое претставништво во Македонија. Компанијата планира 2.000 вработувања во насока на грижа на корисници и техничка поддршка на големи компании во САД кои се лидери во најразлични индустрии.
Бруто платата, според објавата, ќе изнесува 29.334 денари.