Свет

Зеленски: Војната ја враќаме таму од каде што дојде

22.08.2024 18:48

Украинскиот претседател нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека операцијата во руската област Курск е апсолутно чесна и дека Украина ја враќа војната „таму од каде што дојде“.

Штотуку се вратив од нашиот регион Суми, од границата, од оние области кои се граничат со непријателот и каде што нашите единици се исклучително ефикасни во одговорот на инвазијата на Русија. Со испраќање на војната таму од каде што Русија ја донесе во нашата земја, ние ја испраќаме дома, и тоа е апсолутно чесно, но покрај правдата, тоа е и многу ефикасно, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.

Зеленски нагласи дека сите операции што денеска ги спроведуваат одбранбените сили на Украина се систематски начин за заштита на Украина, со цел да се стави крај на војната „под услови на независна Украина“.