Регион

Шефот на ЦИА во посета на Косово

22.08.2024 20:32

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска во Приштина имаше кратка средба со косовската претседателка Вјоса Османи...

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска во Приштина имаше кратка средба со косовската претседателка Вјоса Османи, на која беше и шефот на Косовската разузнавачка агенција Петрит Ајети, пренесуваат регионалните агенции. Барнс потоа отишол во американската амбасада.

Барнс пристигна во Косово по посетата на Босна и Херцеговина и Србија. Ниту за време на тие посети немаше официјални соопштенија или информации за јавноста.