Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

23.08.2024 08:13

Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.