Русите притискаат во Покровск, Украинците во Курск
Зеленски изјави дека операцијата е фер нагласувајќи дека ја испраќа војната таму од каде што ја донела Русија. Путин обвинува за напади врз нуклеарката во регионот...

Руската војска притиска во насока Покровск-потврди Киев, соопштувајќи дека презеле контрола врз уште едно село во руската област Курск. Зеленски изјави дека операцијата е фер нагласувајќи дека ја испраќа војната таму од каде што ја донела Русија. Путин обвинува за напади врз нуклеарката во регионот.
„Непријателот се обидуваше да ја погоди нуклеарната централа во Курск. Информирана е Меѓународната агенција за атомска енергија. Ветуваат дека ќе дојдат и ќе испратат специјалисти да ја проценат ситуацијата“, Владимир Путин, претседател на Русија.
Војната со дронови продолжи во пресрет на посетата индискиот премиер Моди на Украина, само неколку недели откако се сретна со Путин во Москва.
