АМСМ

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар комплетно затворен поради сообраќајка

23.08.2024 08:38

Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Маврово-Дебар е комплетно затворен за сообраќај за сите видови на моторни возила...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Маврово-Дебар е комплетно затворен за сообраќај за сите видови на моторни возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.