Воздушни напади наспроти мировни преговори во Газа
Продолжи и жестокото гранатирање преку израелско-либанската граница, додека се интензивиират рациите на Западниот Брег...

Израел нападна бегалски кампови каде наводно се кријат борци на Хамас, во нападите има жртви. Продолжи и жестокото гранатирање преку израелско-либанската граница, додека се интензивиират рациите на Западниот Брег. Во истовреме, посредниците преговараат за примирје. Американскиот амбасадор во ОН, смета дека е на повидок.
„Мораме да зборуваме со еден глас и да го притиснеме Хамас да го прифати предлогот кој вклучува огромни придобивки за Палестинците во Газа, но вклучува и голем број претходни барања на Хамас. Ова е одлучувачки момент за разговори за прекин на огнот и за регионот“, изјави Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во Обединетите нации.
Точка на сопнување останува коридорот Филаделфија-границата меѓу Египет и Газа. Израел не прифаќа повлекување од пограничната област, Хамас пак, нивен престој. За тоа време, околу 90 насто од населението беше раселено од своите домови.
