САД

Харис вети дека ќе исцрта нов пат за Американците

23.08.2024 09:22

Во својот говор ги сумираше клучните точки за нејзината лична приказна, повиците за единство, целите на економската и социјалната политика ориентирани кон средната класа и нејзините критики кон Трамп...

Камала Харис вети дека ќе исцрта нов пат за иднината на Американците додека официјално ја прифати демократската номинација за претседател на САД на последниот ден од Конвенцијата на партијата во Чикаго. Во својот говор ги сумираше клучните точки за нејзината лична приказна, повиците за единство, целите на економската и социјалната политика ориентирани кон средната класа и нејзините критики кон Трамп.

„Ја сакам нашата земја со сето мое срце. Никој од нас не треба да пропадне за сите да успееме. Земјите предводени од автократи и авторитаристи се вкоренети за Трамп, зошто веруваат дека лесно е да се манипулира со ласкање и услуги. Тие знаат дека Трамп нема да бара одговорност од автократите затоа што и самиот сака да биде автократ“, изјави Камала Харис, претседателски кандидат на демократите.

Републиканскиот претседателски кандидат Трамп го критикуваше говорот на Харис, пишувајќи на социјалните мрежи: „Зошто таа не направи нешто за работите за кои се жали? Во истовреме полицијата се судри со пропалестинските демонстрантите пред Конгресниот центар.