Македонија
Успение на Пресвета Богородица – 28 август неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
23.08.2024 10:18
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), 28 август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед...

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
