Голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот траел од 10 часот до 3 часот по полноќ и е локализиран...

Вчеравечер избил голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот траел од 10 часот до 3 часот по полноќ и е локализиран.
Поради горливиот материјал, пожарот ја зафатил цела фабрика и има голема материјална штета, соопштува ЦУК.
Пламените јазици брзо се прошириле низ целиот објект и покрај тоа што на терен интервенирале 20 пожарникари, со 8 возила. Помагале и екипи од Велес, Неготино, од Комуналното претпријатие во Кавадарци, од „Голд Никел“ и од Македонски шуми.
Изгорена е и механизацијата на семејната фабрика, основана во 1993 година. Иако огнот е локализиран, екипите остануваат на терен зашто сè уште има делови кои тлеат. В понеделник ќе се прави увид за причините за пожарот.
