Партиски обвинувања по бегството на Рамадани
Откако Министерството за внатрешни работи, прстот за бегството на Рамадани го впери во Судот, оценувајќи дека е преседан странски државјанин кој се гони за тешки дела да издржува куќен притвор на туѓа адреса, СДСМ денеска сподели нови сознанија за случајот. Оттаму тврдат дека бегството било организирано со помош на луѓе од МВР...

Обвинителството да почне итна истрага за вмешаност на раководни кадри во МВР во бегството на Блерим Рамадани, Тошковски да поднесе оставка-повикаа од СДСМ. Оттаму бараат да се открие кој сè е вмешан во случајот, но, и да се декласифицираат снимките од камерите на граничниот премин „Блаце“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ по секоја цена се обидува да го заштити судијата Пајазит Пајазити, кој одреди домашен притвор за Рамадани.
Во меѓувреме, Врховниот суд го укина решението на скопскиот Кривичен суд и предметот за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани го врати на повторно одлучување. Од МВР, пак, оценија дека Судот направил преседан кога лице барано со меѓународна потерница за тешки дела е ставено во куќен притвор на туѓа адреса.
Игор Панов
