Минималецот од 450 евра заглавен меѓу ветувањата и можностите
Откако се појавија искри меѓу власта и Синдикатот за барањето на ССМ да се исполни ветувањето за минимална плата од 450 евра, на што премиерот одговори дека тоа не е предвидено со ребалансот на Буџетот, прашањето остана да лебди меѓу предизборните најави и можностите на државната каса. Работниците се потешко врзуваат крај со крај. Економисти предупредуваат – ниските плати влијаат на продуктивноста, да се најде решение...

Платите не го следат растот на цените и инфлацијата, а тоа влијае на нискиот стандард во земјава, но, и на самата мотивираност на работниците што се рефлектира на продуктивноста – вели универзитетскиот професор Пејковски. Една плата не ги покрива трошоците, па граѓаните се принудени или да бараат дополнителни извори на егзистенција или да се иселуваат-додава тој.
Неопходен е нов општествен договор и на преговарачка маса да седнат Владата, работодавачите и работниците, советува Пејковски.
Според последните податоци, дури три минимални плати се потребни за да се наполни синдикалната потрошувачка кошничка, кој достигна речиси 62 илјади денари. Над 9.000 работници земаат пониска плата од минималецот.
Александра Велинова
