СОНК не планира протести, но не се откажува од барањето за повисоки плати
СОНК не планира протести, но, и не губи надеж дека ќе се избори за повисоки плати за наставниците. Понудиле неколку решенија. Идната недела средба со претставниците на министерството.

Без штрајк и бојкот ќе стартува новата учебна година. Синдикатот за образование и наука очекува да најде заеднички јазик со министерката Јаневска, за просветните работници да добијат плати повисоки за 12 проценти.
Идната недела е најавена средба меѓу СОНК и МОН. Претседателот Неделков остава простор за дијалог до средина на идниот месец, за да се најде решение за покачувањето кое законски им следува.
Министерката Јаневска, вели дека е отворена за разговор и дијалог со сите засегнати страни, но, според неа, реалните можности во моментов не дозволуваат раст на платите во образованието.
Согласно со Законот за усогласување на платите, од септември образовниот кадар треба да добие за 12 проценти повисоки примања. Лани, пак, по неколкумесечни протести СОНК издејствува за 15 проценти повисоки плати за просветарите.
Од МОН велат дека раст на примањата ќе има, кога ќе се создадат услови за тоа.
Викторија Милевска
