Превирања во ССМ, Митревски ја бара фотелјата на Трендафилов
Стариот и актуелниот претседател на ССМ во клинч, како да се изврши притисок за зголемување на минималната плата. Економисти советуваат – ниските примања влијаат на продуктивноста.

Стариот и актуелниот претседател на ССМ во клинч, како да се изврши притисок за зголемување на минималната плата. Економисти советуваат – ниските примања влијаат на продуктивноста.
Европската унија бара укинување на решенијата на поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, незаконски сум сменет – тврди поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски. Тој со актуелниот синдикален лидер ги соочи аргументите пред Работничкиот дом, откако Трендафилов се појави на неговата прес-конференција. Митрески тврди дека има план од 20 точки, како да се подобрат работничките права.
Трендафилов забележа – слушавме се, но не и што Митревски ќе направи за работниците и за зголемувањето на нивните плати. Тој смета дека Митревски единствено е заинтересиран за неговата фотелја, па му донесоа столче.
Платите мора да се зголемат, нападите врз ССМ ги отфрламе како крајно несериозни, истакна Трендафилов откако премиерот Мицкоски рече дека синдикатот и СДСМ координирано ја напаѓаат власта. ССМ, пак, не отстапува да се исполни ветувањето за 450 евра минимална плата во првите 100 дена од Владата.
Марија Котовска
