Буџет

Буџетот во 2013-та го поддржа економскиот раст

09.07.2014 14:53

Македонската економија во 2013 година оствари раст од 2,9 проценти што е над проекцијата од 2 проценти...

На денешната расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет за завршната сметка на Буџетот од минатата година, министерот за финансии, Зоран Ставрески посочи дека Буџетото во 2013 се реализирал според планираното, онoсно е постигнато ниво на реализација од 96 проценти, со висок степен на реализација на приходите и редовно исплаќање на обврските.

Расходите се реализирани со 159.505 милиони денари, приходите со 140.248 милиони денари и дефицитот е во рамки на планираното од 19.257 милиони денари. Македонската економија во 2013 година оствари раст од 2,9 проценти што е над проекцијата од 2 проценти. Оствареното над планираното се должи на растот на градежништвото и индустријата.

Ставрески потенцираше дека во овој период на криза не беше секогаш лесно да се реализираат зацртаните поитики, но оти Владата одговори на најдобар начин без дополнително да го оптовари стопанството, а со навремена исплата на обврските.

Според него завршната сметка покажува дека е избран вистинскиот начин на кој требало да се справуваме со предизвиците.

Тој информираше дека и во 2013, како и претходните години, износот на глоби и казни во однос на вкупните приходи во буџетот е исклучелно низок и лани по овој основ се слеани во Буџетот 532 милиони денари, или 0,38 отсто од вкупните приходи во буџетот.