„Вреди“ и Богојески со кривични пријави
Нови превирања во власта. Од кампот на Таравари до Обвинителството поднесоа кривична пријава против Петар Богојески, лидер на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт. Го обвинија за предизвикување омраза на национална и верска основа. Кривична пријава поднесе и самиот Богојески.

Кривична пријава за ширење говор на омраза против Петар Богојески од Македонски концепт, поднесе Коалицијата „Вреди“. Велат, недоличните зборови против Албанците биле напишани, па избришани од социјалната мрежа Фејсбук.
Друштво на адвокатот му правеше и потпретседателката на Алијансата за Албанците од крилото на Таравари. Бујаре Абази смета дека не е време за билдање рејтинзи во негативна форма.
Но, и Македонски концепт не останаа покуси. И тие поднесоа кривична пријава за противправно користење на албанскиот јазик и знаме во Македонија, за навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ.
Богојески е дециден дека не станувало збор за никаков говор на омраза, туку за секојдневна комуникација.
Богојески не кажа имиња на политичари против кои поднеле кривична пријава.
Борис Грујоски
