РКЕ
Пониски цени на горивата од полноќ
23.08.2024 16:50
Горивата од полноќ поевтинуваат за два денара, соопшти Регулаторната комисија за енергетика...

Горивата од полноќ поевтинуваат за два денара, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот од 95 октани ќе се продава за 77,5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 79,5, новата цена на дизелот е 69,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 69 денари.
Мазутот останува со иста цена.
