Европа

Парламентарни избори во Германија во септември 2025-та

23.08.2024 19:20

Претседателот Штајнмаер по препорака на Владата официјално го одреди датумот на изборите за Бундестагот, Долниот дом на парламентот. Бундестагот по изборите ќе избира шеф на владата – канцелар.

Следните парламентарни избори во Германија ќе се одржат на 28 септември следната 2025 година, соопшти денеска кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Претседателот Штајнмаер по препорака на Владата официјално го одреди датумот на изборите за Бундестагот, Долниот дом на парламентот. Бундестагот по изборите ќе избира шеф на владата – канцелар.

Канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе се кандидира за втор мандат, но неговата партија и нејзината коалиција брзо ја губат популарноста поради постојаните расправии.

Изборите за Европскиот парламент во јуни, пак, донесоа мрачни резултати за владејачките партии, со јасна победа за главниот опозициски блок, конзервативната ЦДУ и второто место за екстремно десничарската Алтернатива за Германија.