Свет

Кирби: Конструктивни разговори во Каиро за прекин на огнот во Газа

23.08.2024 18:47

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека милитантите на Хамас треба да учествуваат во разговорите, на кои вчера присуствуваа преговарачи од Израел, САД, Египет и Катар, пренесуваат британските медиуми.

Разговорите за примирје во Појасот Газа, што неделава се одржаа во Каиро, се конструктивни и неопходно е сите страни да се обединат за да работат на имплементација на предложениот договор, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека милитантите на Хамас треба да учествуваат во разговорите, на кои вчера присуствуваа преговарачи од Израел, САД, Египет и Катар, пренесуваат британските медиуми.

Ни треба Хамас да учествува и треба да разговараме за најважните детали од договорот. И тоа е она на што сме фокусирани во наредните денови, овде за време на викендот, рече Кирби.