Продолжуваат борбите во Појасот Газа
Во јужниот град Кан Јунис, четири лица загинаа во израелски напад врз нивното возило, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана Махмуд Басал...

Борбите во централниот дел на Појасот Газа продолжија иако САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор за прекин на огнот. Во јужниот град Кан Јунис, четири лица загинаа во израелски напад врз нивното возило, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана Махмуд Басал. Израелската војска соопшти дека убила десетици милитанти за време на блиските борби во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Воздухопловните сили погодија приближно 30 цели низ Газа, вклучително и воени пунктови, складишта за оружје и локации за лансирање во областа Кан Јунис, соопшти војската.
Портпаролот за Национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби ги демантираше информациите дека преговорите за прекин на огнот во енклавата се на работ на колапс и додаде дека е постигнат напредок, иако разговорите главно ги воделе израелски и египетски преговарачи.
