ГЕРМАНИЈА
Напад со нож на градски фестивал во Солинген, убиени се три лица
24.08.2024 10:08
Напаѓачот е во бегство. Од полицијата засега немаат индикации каде се наоѓа...

Во напад со нож на градски фестивал во Солинген, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, убиени се три лица, а повредени осуммина. Напаѓачот е во бегство. Од полицијата засега немаат индикации каде се наоѓа.
Побарана помош и од населението, односно информации кои би можеле да помогнат за идентификација и фаќање на сторителот. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на покраината изјави дека напаѓачот успеал да побегне во метежот и паниката што се проширила по злосторството.
