Образование

Ненасилно решавање на конфликтите меѓу учениците е можно

24.08.2024 13:18

Преку проектот „Креативно решавање на судири“ наставници од Куманово и Осијек, учеа како физичките пресметки и булингот меѓу учениците да станат минато, како ненасилно да се решаваат проблемите …

Можно е ненасилно решавање на судирите меѓу учениците, физичките пресметки и булингот да станат минато. Преку проектот „Креативно решавање на судири“ професори од средните училишта од Куманово и Осијек – Република Хрватска ги учат начините за креативно разрешување конфликтите.

„Класовите во кои се работи врсничка медијација, ненасилно решавање на судири, каде се учи ненасилна комуникација, имаат многу помалку судири. Се случува децата од одделението да се скараат, па сами одат да разговараат, го решаваат проблемот и се враќаат. Ако не знаат, бараат помош од медијатор или учителката“, изјави Соња Керстен тренер во проектот.

Стручните лица велат дека е најважно децата уште од 3-то, 4-то одделение да започнат да се учат на ненасилно решавање на конфликтите. На обуката се работеа интерактивни работилници, вежби, како креативно да се надминат проблемите.

Решенијата за проблемите се наоѓаа преку играта „Патолов“ која на креативен начин ги бара можностите за надминување а кај децата ги поттикнува на интеракција.

Целта на проектот е да се спречи појавата на насилна комуникација и да се овозможи достапност на програмата за креативно разрешување конфликти.

 

Петар Печков