Одбележување

Во Скопје одбележан Денот на независноста на Украина

24.08.2024 14:29

Украинската амбасада во земјава го одбележа 24 август – Денот на независноста на нивната држава. Освен во Македонија, независноста на Украина одбележана и во многу други земји ширум светот, а порака по повод 33-тиот роденден на земјата пристигна од Киев и од Брисел...

Одбележувањето на 33-годишнината од независноста на Украина минува во знакот на воениот конфликт со Русија. И благодариме на Македонија и на илјадниците земји ширум светот кои не поддржуваат, ни помагаат и не нè оставаат сами. Ова беше пораката што Украинците од Македонија ја упатија од одбележувањето на кое присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Освен во Македонија, независноста на Украина одбележана и во многу други земји ширум светот, а порака по повод 33-тиот роденден на земјата пристигна од Киев и од Брисел. Украина и Украинците самостојно ќе одлучуваат како ќе живеат, порача претседателот Володимир Зеленски.

Украина прогласи независност од Советскиот сојуз во 1991-та година, а последните две ипол година од украинската историја ги одбележа конфликтот со соседна Русија.

 

Марија Котовска