Жестока борба против криминалот и корупцијата, најавува премиерот Мицкоски
Од септември, премиерот Мицкоски најавува жестока борба против криминалот и корупцијата. Го повика јавниот обвинител да влезе во државните институции и да истражи што се правело изминатите години за време на владеењето на СДСМ и на ДУИ...

Има криминал од епски размери во државни институции, тврди премиерот Мицкоски. Го повика државниот обвинител да истражи како се трошеле народните пари, но и да постапи по кривичните пријави доставени до Обвинителството.
Шефот на Владата посочи дека УЈП, царината и патарините годинава наплатиле повеќе, но според него не е јасно каде завршувале парите од минатите години.
Државните патишта генерирале десеткратно поголем долг, отколку што имале пари на сметката, тврди директорот Трајановски. Не плаќале фактури кон „Македонија пат“, ниту рати од кредити, но затоа, како што вели директорот склучувале сомнителни договори.
Министерот за транспорт објаснува дека има проекти кои не се менаџирале, а за обични административни постапки се чекало и до три години.
Новото раководство на државните патишта уверува дека претпријатието се консолидира и обезбедува средства за сервисирање на долговите.
Анита Димитријевска – Велковска
