Престрелка во тетовско Гајре, полицијата ликвидираше осомничен за убиство
Полицијата застрела осомничен за убиство. Додека припадници на МВР го барале да го уапсат, тој им вперил авоматска пушка. Претходно избегал од психијатриската болница и бил баран со потерница. Драмата се одвивала ноќеска во тетовско Гајре...

Наместо да се предаде, решил да пука кон полицијата. Осомничен за убиство застрелан во полициска акција во тетовско Гајре. Тој претходно избегал од психијатриската болница Бардовци и бил баран со потерница.
Полицијата при претрес го открила во куќа во тетовското село, вооружен со автоматска пушка. И покрај наредбата да се предаде ја репетирал и ја вперил кон припадниците на МВР, но тие биле побрзи.
При претресот полицијата нашла пиштол и куршуми. 41-годишникот бил осомничен за убиство кое се случило на 5-ти јули во Тетово кога беше застрелан 40-годишен маж.
Викторија Милевска
