ИТАЛИЈА
Отворена истрага за потонатата јахта на Сицилија
24.08.2024 17:26
Петнаесетмина од вкупно 22 лица на бродот се спасија...

Италијанското обвинителство отвори истрага за убиство од небрежност за смртта на британскиот технолошки магнат Мајк Линч и уште шестмина кои загинаа откако луксузна јахта потона кај Сицилија на 19-ти август. Петнаесетмина од вкупно 22 лица на бродот се спасија.
Конкретното обвинение за провоцирање или предизвикување бродолом може да донесе затворска казна до 12 години.
