БЛИСКИ ИСТОК
Најавени нови разговори за прекин на огнот во Газа
24.08.2024 18:28
Белата куќа тврди дека разговорите напреднале, а израелските власти прифатил делумно повлекување на војниците од областа. Се очекува утре во Каиро да се одржат нови разговори за примирје...

Израелската армија ги продолжува операциите низ Газа. Акции се спроведуваат и против Хезболах, откако од Либан кон територијата на Израел беа истрелани 100 ракети.
Спорната точка за прекин на огнот и натаму останува коридорот Филаделфија, границата меѓу Египет и Газа. Белата куќа тврди дека разговорите напреднале, а израелските власти прифатил делумно повлекување на војниците од областа. Се очекува утре во Каиро да се одржат нови разговори за примирје.
Во меѓувреме јеменските Хути ги продолжија нападите во Црно Море.
