Политика
Портпаролот на „Вреди“ ќе ги замрзне политичките активности, откако Обвинителството поведе постапка против неговиот татко
24.08.2024 21:32
Хисени на својот профил на фејсбук објави дека е длабоко шокиран и повреден од веста...

Фари Хисени, портпарол на коалицијата „Вреди“ привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако денеска Обвинителството поведе постапка против неговиот 58-годишен татко за други полови дејствија врз малолетник. Хисени на својот профил на фејсбук објави дека е длабоко шокиран и повреден од веста.
Ако оваа информација е точна, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене туку и за целото мое семејство. Само помислата да се соочам со ова ми ја пече душата. Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите постапки и за вредностите што ги поддржуваме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам, напиша Хисени.
