Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

25.08.2024 08:39

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23, а степени, а максималната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.