Во Виница,Чешиново и во Облешево утре ќе се прска против комарци

09.07.2014 15:35

Во атарот на општина Виница утре наутро на површина од 1.000 хектари ќе се изврши авионско прскање против комарци. Ке биде опфатена територијата на градот Виница и на уште шест населени места во општината од полскиот дел, јавува МИА.

Авионско третирање против комарци ќе се спроведе и во општина Чешиново-Облешево.

,,Со акцијата ќе бидат опфатени вливот на реката Злетовица во реката Брегалница, течението на Брегалница до село Теранци, како и површините меѓу магитстралниот пат М-5 и село Чешиново од село Уларци до Облешево на површина од 900 хектари“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево Костадин Личков.

Ова е втора акција за уништување на комарците во овие две општини. Досега се реализираа и во општините Кочани и Зрновци.