26-годишен Сириец уапсен за нападот со нож во Солинген
Исламската држава во соопштение на Телеграм наведува дека тој „нападот бил извршил како одмазда за муслиманите во Палестина и насекаде“...

Осомничениот за нападот со нож во западниот германски град Солинген, во кој загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија властите. Терористичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат светските агенции. Исламската држава во соопштение на Телеграм наведува дека тој „нападот бил извршил како одмазда за муслиманите во Палестина и насекаде“.
Групата не обезбеди никаков доказ за своето тврдење и не е јасно колку се блиски односите на напаѓачот со исламската држава. Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Хендрик Вуст, претходно нападот го опиша како терористички чин. Полицијата претходно приведе 15-годишник.
Додека едно лице е во притвор, истражителите сè уште утврдуваат кој точно го извршил нападот.
