пожари

ЦУК: Активни два пожари, изгаснати 21

25.08.2024 09:40

Повторно гори на Галичица, кај селата Стење и Лескоец, општина Ресен. Гори букова шума и сува трева...

На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два. Изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Повторно гори на Галичица, кај селата Стење и Лескоец, општина Ресен. Гори букова шума и сува трева. Во општина Чашка, на планината Мукос гори шума.

Под контрола е пожарот во општина Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово, каде што гори ниска вегетација и сува трева.