Израел изврши интензивни воздушни напади во јужен Либан
Хезболах соопшти дека ќе ги прекине борбите, доколку дојде до прекин на огнот во Газа...

Израел изврши серија интензивни воздушни напади во јужен Либан во, како што велат од Армијата, превентивен напад против Хезболах. Десетици авиони на воздухопловни сили нападнале цели на милитантната група.
Хезболах пак враќа со ракети „катјуша“ и беспилотни летала на израелска територија, како првичен одговор на убиството на еден од неговите највисоки команданти во напад во Бејрут минатиот месец. Тел Авив ги предупреди либанските граѓани на југот на земјата дека ќе бидат во опасност бидејќи Хезболах почна со напади врз Израел.
Во меѓувреме во Египет нова рунда разговори за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас. Хезболах соопшти дека ќе ги прекине борбите, доколку дојде до прекин на огнот во Газа.
