воен конфликт
Продолжува руско-украинскиот конфликт
25.08.2024 11:34
Двете страни регистрираат цивилни жртви во регион Белгород и во Харков. Москва објави дека руската Авијација извршила напади врз вооружените сили на Украина во 15 населени места во регионот Суми.

Продолжуваат нападите и на руска и на украинска територија. Двете страни регистрираат цивилни жртви во регион Белгород и во Харков. Москва објави дека руската Авијација извршила напади врз вооружените сили на Украина во 15 населени места во регионот Суми. Нападнат и хотел во Краматорск, има повредени, а двајца новинари се водат како исчезнати.
Руските региони кои пак, кои граничат со Украина се мета на Киев од почетокот на офанзивата на 6 август во Курск.
