анализа

Експерти за безбедност оценуваат дека тешко ќе се стигне до примирје на Блискиот Исток

25.08.2024 15:51

Експерти за безбедност оценуваат дека тешко ќе се стигне до примирје на Блискиот Исток. Според нив, во целата ситуација, Иран не е нем набљудувач на случувањата. Неговата главна цел е да се намали силата на Израел...

Блискиот Исток како буре барут. Тензиите растат, безбедносната состојба се вжештува. Откако Израел изврши воздушни напади во Либан, а Хезболах одговори со ракети и беспилотни летала, познавачите со оценка дека примирје нема на повидок. Влоговите на двете страни се големи, анализира Хаџи Јанев додавајќи дека во овој геополитички контекст САД и Русија имаат големо влијание.

Според професорот, Иран не е само нем набљудувач на случувањата. Нивната цел, вели Хаџи Јанев е да ја намалат силата на Израел.

Во меѓувреме во Египет продолжија разговорите за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас. Хезболах соопшти дека ќе ги прекине борбите, доколку се стави крај на огнот во Газа.

 

Анита Димитријевска – Велковска