Уапсен Павел Дуров, основачот на Телеграм
Според налогот за апсење, Дуров како извршен директор не го спречил користењето на Телеграм за криминални цели. Павел Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи...

39-годишниот милијардер и сопственик на апликацијата Телеграм, Павел Дуров е уапсен во Франција по налог за сторени прекршоци. Според налогот за апсење, Дуров како извршен директор не го спречил користењето на Телеграм за криминални цели. Павел Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи.
Тој ја напушти Русија во 2014 година откако ги одби барањата на Путин да ги затвори опозициските налози на руската верзија на Фејсбук, која во меѓувреме ја продаде. Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по веста за апсењето, изјави дека извршниот директор на Телеграм направил грешка што ја напуштил Русија.
