мвр

Одземено возило на ГП Свети Наум

25.08.2024 18:18

По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол...,

Вчера во 23 часот на ГП Свети Наум, на влез во РСМ се пријавил Л.Х. (29) од Р. Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки и по извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.

Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.